Аква Еко Консалтинг Дооел е приватна фирма која професионално се занимава во областа на прочистување и третман на водата за пиење, отпадните води, технолошките води, фонтаните и базените.

Аква Еко Консалтинг Дооел е формирана 2009 година во Скопје, која што ја продолжува 20 годишната активна работа на фирмата “Кварц” – Берово во сопственост на дипл. инж. по хемија Венко Багашовски.

Водата за пиење во Македонија во градовите главно е исправна но не секогаш и секаде. Во некои делови од градовите има дозирање на резидуален хлор поголемо од максимално дозволената концентрација-МДК.

Во малите водоводни системи (села, фабрики ,хотели, мотели,куќи,вили ,фарми и сл.) ова не мора да биде случај (во поголемиот дел воопшто нема дезинфекција).

Во водата за пиење може да има бактерии и вируси , кои неможат да се видат со голо око, но можат да предизвикаат големи болести, понекогаш и смрт. Водата за пиење може многу лесно да се загади. Предизвикувач може да биде некое умрено животно, индустриска отпадна вода,канализација или нешто друго. Затоа многу важно е водата да се одржува здравствено исправна. Ако тој систем не функционира , значи некој не ја извршува својата функција , или водата не се обработува. Ако водата не се обработува резултатите може да бидат катастрофални по здравјето на луѓето.

Бизнисот, проектите, производите и услугите кои ги нуди Аква Еко Консалтинг се фокусирани да постигнат задоволство кај клиентите и создавање на дополнителна вредност за нивното производство и бизнис процесите. Искористувањето на долго годишното работно искуство и знаење на пазарот за третман на води, ги предлагаме и применуваме најоптималните технолошки решенија, како одлични средства за подобрување на работните процеси и нивна економизација. Ние се грижиме за безбедноста, функционалноста и достапноста на нашите производи и услуги, обезбедување на максимални вредности за овие инвестиции.

АКВА ЕКО КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ
Дипл. инж. по хемија Венко Багашовски

РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА:
• РУДНИК БУЧИМ - Радовиш
• ЕКСТРА МЕИН - КУМАНОВО
• ЕТНО СЕЛО - КУМАНОВО
• ТАВ АЕРОДРОМ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - СКОПЈЕ
• ПРИЛЕПСКА ПИВАРА
• ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ВИЛА ВОДНО
• ФОНТАНИ НА ПЛАТО ПРЕД ВЛАДА
• ФОНТАНИ ВО ЦЕНТАРОТ НА АВТОКОМАНДА - СКОПЈЕ
• ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ВО СКОПЈЕ И ПОГОЛЕМ ДЕЛ НА ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ ОД ДРУГИТЕ ГРАДОВИ НА Р. МАКЕДОНИЈА
• СОКОТАБ – БИТОЛА
• ПЕКАБЕСКО АД
• ТРАНСКОП БИТОЛА
• АД ГРАНИТ СКОПЈЕ
• ХОТЕЛ ВИКТОРИЈА
• ХОТЕЛ КАПИШТЕЦ
• БАЗЕН ГАРДЕН - КУМАНОВО
• ГРАДСКИ БАЗЕН ВИНИЦА, ДЕЛЧЕВО, КАМЕНИЦА
• ХЕСТИА АПАРТМАНИ - БЕРОВСКО ЕЗЕРО
• ВИЛИ ВО ТУРИСТИЧКА НАСЕЛБА АБЛАНИЦА - БЕРОВО
• АЛКАЛОИД - БЕРОВО
• ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
• И ДРУГИ